Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Германија му нуди нов двегодишен договор на Нагелсман

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман може уште долго да остане на оваа позиција. Според весникот „Билд“, Германскиот фудбалски сојуз би сакал да ја продолжи соработката со 37-годишниот специјалист и по Светското првенство во 2026 година.

Страните преговараат за продолжување на договорот за уште две години, односно до Евро 2028 година. Нагелсман ја презеде германската репрезентација во септември 2023 година, на местото на отпуштениот Ханси Флик. На Евро 2024, „Бундестимот“ загуби од шпанската репрезентација во четвртфиналето.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ