Репрезентација на Фарски Острови во победничка атмосфера доаѓа во Скопје. Во првиот меч од петтото коло во нашата група 3, „фараните“ славеа на гостувањето кај Ерменија со 0-1 и тоа го запишаа првиот триумф во овој циклус.
Единствениот гол на оваа средба беше постигнат во 33-та минута, а реализатор беше Давидсен, кој стрелаше од белата точка.
Фарски Острови засега е единствената репрезентација која успеа да и земе бод на Македонија по првите четири кола во Ц Лигата на Нации, откако на домашен терен одигра 1-1 против „црвено-жолтите“.
По победата „фараните“ имаат шест бода, четири помалку од нашиот тим, кој има меч помалку.
Дуелот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во недела, а вечерва нашите момци ќе ги одмерат силите со најслабата репрезентација во нашата група – Летонија.