Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Дон Карло: Мечот со Аталанта може да ни биде најтешкиот до крајот на годината!

9 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Актуелниот првак во Лигата на Шампионите и не игра според очекувањата на фановите оваа есен во најквалитетното клупско европско натпреварување. Реал Мадрид во пресрет на шестото коло и утрешното гостување кај Аталанта во Бергамо, се наоѓа на 24. место, тоа е тоа последно место кое води во плеј -офот.

Токму затоа сите во таборот на “кралевите“ се свесни од какво значење е овој меч во Бергамо,а дека нема да биде лесно тоа го знае и Карло Анчелоти, посебно ако се знае дека Аталанта е во страшна форма и дека е лидер на табелата во Серија А.

Јас сум уверен во квалитетите на својот тим.Јасно е дека од меч во меч ние сме се посилни, сепак сметам дека овој меч против една така силна екипа каква што е Аталанта за нас може да биде најтешкиот до крајот на годината. Свесни сме дека ќе биде тешко да се пласираме меѓу првите осум, па затоа ќе мораме преку плеј-офот да минеме. Во секој случај мораме да освојуваме бодови на последните три меча“ рече покрај другото стратегот на Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ