Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Докуметите се подготвени: Варан потпишува двегодишен договор со Комо

22 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Искусниот француски дефанзивец Рафаел Варан кариерата ќе ја продолжи во Комо. Она што се најавува веќе долго време е на чекор до финализација.

Инсајдерот Фабрицио Романо пренесува дека поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе потпише договор со италијанскиот клуб до летото 2026 година. Ќе има опција за продолжување на уште една година.

Документите се веќе подготвени и се чека на потпишување, откако Варан ќе ги мине и задолжителните лекарски прегледи.

Минатата сезона Французинот одигра 22 натпревари во Премиер лигата и постигна 1 гол. Комо во него ќе добие искуство неопходно за првата сезона во Серија А.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ