Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Де Хеа се сели во клубот од Серија А за кого настапуваше Горан Пандев

26 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, Давид Де Хеа е подготвен да потпише за Џенова, тим за кого настапуваше најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

Според експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио, 33-годишниот голман е отворен за можноста да се пресели во клубот од Серија А.

Во моментов раководството размислува дали да почнат преговори со Де Хеа или да се фокусираат на други опции. Оттаму бараат нов стартен голман, откако претходниот Хосеп Мартинез беше продаден на Интер.

Од друга страна, поранешниот репрезентативец на Шпанија е без тим откако минатото лето го напушти Јунајтед како слободен играч. Искусниот голман има вкупно 629 натпревари за „црвените ѓаволи“ и за Атлетико, неговиот матичен клуб.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ