Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Барселона одби 60 милиони евра за Рафиња

16 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бразилскиот репрезентативец Рафиња беше еден од клучните играчи на Барселона на претходните неколку натпревари. На адресата на Каталонците веќе пристигна една понуда, но нивниот одговор беше јасен.

Рафиња и минатото лето беше на трансфер листата на Барселона, иако имаше прилично добра сезона, но откако на крајот не стигна доволно добра понуда, Бразилецот остана во клубот.

Јасно е дека каталонскиот клуб на лето ќе мора да продаде неколку првотимци за да го засили тимот, а долго се шпекулира дека Рафиња сигурно ќе биде еден од оние играчи кои ќе излезат на трансфер листата.

Во Барселона се свесни дека можат да добијат добра сума на пари за Рафиња бидејќи има голем интерес за него.

Затоа, неодамнешните добри игри на Рафиња се многу во корист на Барса. На маса има понуди од Саудиска Арабија, но целта му е да остане во Европа доколку Барселона реши да го продаде.

Шпанските медиуми пренесуваат дека каталонскиот клуб веќе добил официјална понуда за Рафиња од клуб од англиската Премиер-лига.

Каталонскиот спорт објави дека Барселона добила понуда од Англија за Рафиња, во висина од 60 милиони евра за Бразилецот ова лето.

Но, Жоан Лапорта и друштвото без премногу размислување ја одбиле оваа понуда, што ја израдувало Рафиња, но задоволството не траело предолго.

Одбивањето на понудата не значи дека Рафиња не е на продажба, туку дека Барселона не е задоволна од сумата од 60 милиони евра. Рафиња може да оди, но само ако некој одвои 80 милиони евра за него.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ