Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Јирген Клоп: Стар сум, а за Ливерпул потребни се 24 часа на ден!

5 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што е познато по завршувањето на сезоната Јирген Клоп ќе си оди од „Енфилд“. Иако има сеуште важечки договор со Ливерпул, тој уште пред 2-3 месеци одлучи дека е доста и дека е време да ја напушти клупата на славниот англиски клуб.

За тоа зошто се одлучил на ваков потег, Германецот покрај другото истакна:

Факт е дека сум стар, дека ја немам таа енергија како порано. За Ливерпул се потребни 24 часа на ден. Не е доволно да си на 80 насто, потребно е да си максимално влезен во оваа работа која исцрпува, тука нема дилеми. Да, има многу поважни работи во животот, но ако навистина ви е до својата работа како тренер на клуб како Ливерпул морате да биде внесени 24 часа на ден и седум дена во неделата, не се може поинаку. Работев долго и знам дека не сум способен и во иднина да работам со неопходните стандарди за клуб каков што е Ливерпул“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ