Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Аспас не се пензионира, ќе игра уште една година

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Легендата на шпанскиот тим Селта, Јаго Аспас, на свои полни 37. години не само што нема намера да ја завршува кариерата, туку напротив, потпиша нов едногодишен договор.

Напаѓачот ќе остане на Естадио Мунисипал де Балаидос најмалку до летото 2026 година.

Аспас, кој е поранешен играч на Ливерпул, се врати во матичната Селта во 2015 година, откако помина две сезони на Мерсисајд и во Севиља. За тимот од Виго, 37-годишниот напаѓач има 509 натпревари, 210 гола и 82 асистенции.

Во оваа сезона и 37. годишниот ветеран одржува одлична форма. Аспас има 6 гола и 3 асистенции на 16 натпревари за Селта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RC Celta (@rccelta)


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ