Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Дон Флорентино стана најтрофејниот претседател на Реал, го надмина и Сантијаго Бернабеу! (ФОТО)

5 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најновата титула во Ла Лига за Реал Мадрид е вкупно 34 трофеј на Дон Флорентино Перез како претседател на “кралевите“. Со тоа тој стана најтрофеен претседател на Реал и го надмина Сантијаго Бернабеу, по кого е и стадионот наречен, кој успеа во свое време да освои 33 пехари. Тука говориме само за ФК Реал Мадрид. Инаку заедно со останатите клубови под капата на Реал, пред се кошаркарскиот, ова е 61 трфеј на Перез.

Да се вратиме на фудбалот.

Во времето на двојниот мандат на Перез, Реал освои седум титули во Ла Лига, три во Копа дел Реј, шест во Лигата на Шампионите, потоа има седум шпански Суперкупа, пет светски титули, пет Суперкупа на Шпанија и еден Интерконтинентален куп или вкупно 34 трофеи.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ