На неименувана патничка ѝ пукнал водењакот, па родила среде терминалот за поаѓање.
Надлежните служби биле повикани да интервенираат, околу 17:00 часот, а кога дошле лекарите, на жената веќе ѝ помогнале припадници на царината, полицијата и обезбедувањето.
По некое време жената родила машко дете. На објавената снимка ја гледаме како лежи и во раце држи бебе, завиткано во ќебе.
Таа и детето биле пренесени во блиската болница, но други детали не се соопштени за да се заштити нејзиниот идентитет, пишува Њујорк пост.