Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија

24 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

-Му наложив на нашето Министерство за надворешни работи да работи поактивно на воспоставување на сите потребни контакти со претставниците на народот на Сирија и да ги исправи грешките на Асад во однос на Украина и цела Европа, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина ќе ја поддржи сириската програма за храна.

-Ова е нашата морална предност - Украина им помага на многу земји да обезбедат нормалност на нивните животи, особено во однос на безбедноста на храната. Ни треба овој регион, како и секој друг регион во светот, да биде стабилен и мирен, посочи Зеленски.

Режимот на Башар ал Асад беше соборен на 8 декември откако бунтовничките групи предводени од Хајат Тахрир ал-Шам влегоа во главниот град Дамаск. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ