Операцијата е во тек во западната провинција Тартус, населена со малцинството на Алаутите, од каде што потекнува Асад, кој беше соборен на 8 декември од бунтовничките групи.
За време на воените дејствија, „голем број членови на вооружени групи“ лојални на Асад „биле неутрализирани“, соопшти агенцијата, која прецизираше дека целта на операцијата била „да се врати безбедноста, стабилноста и граѓанскиот мир“ во крајбрежната провинција.
Невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека за време на денешната операција биле убиени три лица и прецизира дека жртвите биле борци „лојални на претходниот режим“.