Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Кина, средба на претставници на најсилните морнарици во светот, присутни се и САД

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Командантот на Пацифичката флота адмирал Стивен Колер ќе присуствува на поморскиот симпозиум на Западен Пацифик во име на САД, според еден извор.

Кинеските медиуми јавија дека на состанокот учествуваат и Австралија, Франција, Индија, Јужна Кореја, Русија и Велика Британија.

Учесниците на состанокот утре ќе разговараат зад затворени врати како да се решат поморските безбедносни предизвици, како и за Кодексот за непланирани средби на море, збир на насоки формулирани пред 10 години за да се намалат тензиите меѓу поморските сили.

На прелиминарниот состанок во јануари беше разговарано за формирање работна група за спречување на судири на беспилотни летала на море, пренесоа кинеските медиуми. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ