Израел денеска изврши напад врз две села во провинцијата Хомс во централниот дел на Сирија, пренесе сириската државна новинска агенција САНА.
Претходно сириската државна телевизија јави дека се слушнале експлозии во близина на градот Хомс и дека истрагата за причините за тие експлозии е во тек, пренесе Ројтерс.
Израел со години извршува напади врз цели во Сирија за кои тврди дека се поврзани со Иран. Тие напади се интензивирани по упадот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.
<br>