Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украинскиот амбасадор во Британија Залужни: Третата светска војна започна, добро дојдовте

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Амбасадорот на Украина во Велика Британија, поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни денеска изјави дека, по директното вклучување на сојузниците на Русија во војната против Украина, може да се смета дека започнала Третата светска војна.

„Верувам дека во 2024 година, апсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна. Затоа што во 2024 година Украина повеќе не се соочува со Русија. Војниците од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Во Украина, иранските „Шахеди“апсолутно отворено, без никаков срам, убиваат цивили. Ракети произведени во Северна Кореја веќе летаат во Украина и тие тоа отворено го изјавуваат. Кинески проектили летаат низ Украина, кинески делови се користат во руските ракети.“, изјави Валериј Залужни на доделувањето на наградата УП-100, пренесува Политико.

Според неговото мислење, повеќето од војската би се согласиле дека сите горенаведени фактори се причина да се каже дека светската војна започнала и дека светот треба да се подготви за неа.

„Она што се очекуваше толку долго веќе започна. Но, сакам да кажам дека самиот Бог дава шанса, не само на Украина, туку и на целиот свет, така што сè уште имаме време да ги донесеме вистинските заклучоци. Застанете овде, на територијата на Украина, но поради некоја причина, нашите партнери не сакаат да го разберат тоа“, предупреди Залужни.

Тој истакна дека е очигледно дека Украина веќе има премногу непријатели, но дека ќе опстане благодарение на технологијата, иако не се знае дали сама ќе може да ја добие оваа битка.

„Затоа верувам дека светската војна започна. Добро дојдовте“, додаде поранешниот врховен командант на вооружените сили.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ