Повеќето американски медиуми меѓу кои и Фокс њуз веќе ја
проектираа победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Републиканската партија прогласи победа во Пенсилванија и
Џорџија две клучни држави.
Последни беа затворени гласачките места во Алјаска каде се
гласаше за претседателските избори во САД, а засега во таа држава води
републиканскиот кандидат Доналд Трамп врз основа на околу 26 отсто од
преброените гласови.
Како што е наведено, Алјаска е држава која традиционално
гласа за кандидатите на Републиканската партија.
„Поранешниот претседател Доналд Трамп ќја освои
Пенсилванија, клучното бојно поле“, предвидува CNN. Во Пенсилванија се во
прашање 19 изборни гласови. За победа на претседателските избори во 2024 година
потребни се најмалку 270 електорски гласови, а најновите податоци покажуваат
дека Трамп добил 265 електорски гласови.
Трамп ги освои Алабама, Арканзас, Флорида, Ајова, Ајдахо,
Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мисури, Мисисипи, Монтана, Северна Дакота,
Џорџија, првиот и третиот округ на Небраска, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина,
Јужна Дакота, Тенеси, Тексас , Јута, Западна Вирџинија и Вајоминг.
Харис ги освои државите Колорадо, Конектикат, Дистрикт
Колумбија, Делавер, Илиноис, Масачусетс, Мериленд, Мејн Дистрикт 1, Њу Џерси,
Њујорк, Род Ајленд, Вермонт, Хаваи, Вирџинија, Калифорнија, Вашингтон,
Колорадо, Њу Хемпшир, Њу Мексико, Орегон и Вермонт.
Скоро големи медиуми, но и Фејсбук и Гугл беа на страната на Камала Харис. Повеќето глобални медиуми над 85% известуваа позитивно за Харис, а исто толку проценти негативно за Трамп. На Гугл повеќето вести кои излегуваа во пребрарување беа позитивни за Харис, негативни за Трамп.
Единствен на страната на Трамп застана Елон Маск сопственик на Икс поранешен Твитер.