Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Турција ја одложи забраната за трговија со Израел

9 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел, што израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го поздрави како победа за земјата, откако Турција минатата недела објави забрана за трговија со Израел поради офанзивата во Газа.

„(Претседателот Реџеп Тајип) Ердоган повлече и откажа многу трговски ограничувања и поуката е јасна: не смееме да се предадеме на заканите на диктаторите и мора да создадеме алтернативи за да не зависиме од човек од Муслиманското братство кој може да спречи сè во секое време“, напиша Кац на платформата Икс.

Претставник на турското министерство изјави дека укинување на забраната „не доаѓа предвид“ и дека станува збор само за тримесечно одложување за време на кое турските компании можат да ги испорачаат постоечките нарачки до Израел, преку трета земја.

На 2 мај Турција објави дека го прекинала извозот и увозот од Израел поради воената операција во Појасот Газа. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ