Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Турција ја користи состојбата по падот на Асад за да се пресмета со Курдите во Сирија (ВИДЕО)

28 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сириската опсерваторија за човекови права, воен мониторинг, соопшти дека Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите во текот на ноќта истрелале ракети врз позициите на Сириската национална армија (СНА) поддржани од Турција во близина на браната Тишрин.

СНА одговориле со силен оган врз курдски цели во близина на пограничниот град Кобане. СДФ соопшти дека имало тешки борби на неколку фронтови и дека биле убиени 17 припадници на СНА. Тие тврдат дека меѓу убиените има најмалку еден командант.

Воен мониторинг со седиште во Обединетото Кралство рече дека неколку цивили исто така биле повредени во нападите на СНА.

СНА напредува кон областите под контрола на Курдите во северна Сирија. Турција е обвинета дека се обидува да го искористи вакуумот на моќта во Сирија за да ги уништи областите под контрола на Курдите во северниот дел на земјата.

Курдската СДФ е поддржана од САД, но Турција ја смета за огранок на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а со тоа е терористичка организација.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ