Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Труење на свадба во Узбекистан: Десетици свадбари завршиле во болница, меѓу нив 13 деца

13 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Болниците во регионите Бухара и Вабкент рано утринава почнале да примаат луѓе кои се пожалиле на болки во стомакот, повраќање и слабост, пренесе РИА Новости.

„Во болница се пријавиле вкупно 53 лица, меѓу кои 13 деца, сите биле гости на свадбата“, се вели во пораката објавена на регионалниот канал Телеграм.

Како што соопшти прес-службата, итно биле повикани сите вработени лекари, како и специјалисти од регионалната инфективна болница да дојдат во болниците.

На сите пациенти им била дијагностицирана „акутна дијареа, болки во желудникот предизвикани од труење со храна“ и им била дадена инфузија.

До вечерва од здравствените установи се отпуштени 43 лица.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ