Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран

27 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го повика Советот за безбедност да се состане за „криминалните напади“, велејќи дека тие се „тешка закана“ за мирот, а дипломатите рекоа дека Советот најверојатно утре ќе разговара за ситуацијата.

Амбасадорот на Израел во ОН Дени Данон ја отфрли жалбата на Иран во Обединетите нации, велејќи дека Иран „се обидува да дејствува против нас на дипломатската арена со смешно тврдење дека Израел го прекршил меѓународното право“.

- Како што постојано велевме, имаме право и должност да се браниме и ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме граѓаните на Израел, рече Данон./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ