Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Скандал на Кипар: Полицаец добил унапредување за посебни „кавлификации“-знаел да свири кларинет

25 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Весникот „Филелефтерос“ објави дека полицаецот бил унапреден во чин наредник бидејќи неговите образовни сертификати за кларинет, клавијатури и оркестрација на дувачки инструменти биле третирани како посебни квалификации.

Според полицискиот систем заснован на бодови за доделување унапредување, полицаецот за оваа квалификација наводно добил несразмерно голем број бодови, пишува порталот „Кипар мејл“.

Според кипарските медиуми, по приговорите за решението за унапредување, полицаецот бил деградиран, а случајот бил проследен до антикорупциската служба, која покренала истрага.

Во меѓувреме, кипарската агенција за обезбедување квалитет и акредитација на високото образование соопшти дека не ги признава сертификатите за музичко образование како еквивалентни на универзитетските дипломи и предупреди дека некои од документите во досието на полицискиот службеник се фалсификувани.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ