Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Силно снежно невреме го погоди североистокот на САД, има и загинати

5 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Силните ветрови и обилните врнежи урнаа дрвја и далноводи, а во еден момент речиси 700.000 домови и деловни објекти останаа без струја, пренесува АП.

Повеќето корисници останаа без струја во Мејн и Њу Хемпшир, а локалните власти соопштија дека далноводите биле оштетени и урнати од обилниот, влажен снег.

Една жена загинала кога дрво откорнато од ветрови до 80 км/ч паднало врз нејзиниот автомобил во предградие на Њујорк во средата, а друга жена загинала вчера во пожар во Њу Хемпшир по експлозија на гас во куќа за која се верува да се случило кога дрво паднало врз куќата поради невреме.

Нејзината ќерка е повредена и хоспитализирана, соопштија властите, пренесува CBS News.

Уште две лица загинале во средата во Пенсилванија кога дрвја беа урнати од силниот ветер.

Претходно, во Оклахома загинала жена која се криела во одводна цевка за време на силниот дожд, како и жена во предградието на Филаделфија, чиј автомобил бил погоден од дрво кое било соборено од ветрот и уште едно лице кое учествувало во сообраќајна несреќа во Кентаки, според АП.

Десетици летови во овој регион биле откажани или одложени, а многу училишта и јавни институции биле затворени во северните региони на САД.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ