Стравувањата за безбедноста наводно пораснале по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Сместена во градот Реџиково на балтичкиот брег на земјата, базата е изградена од почетокот на векот, а Варшава вели дека ја симболизира силата на нејзиниот воен сојуз со Вашингтон, без разлика кој е во Белата куќа.
- Потребно беше време, но локацијата ја докажува геостратешката определба на САД, напиша Синоќа на Х полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.
- Полско-американскиот сојуз е силен, без разлика кој е на власт во Вашингтон и Варшава, додаде тој.
Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда, кој ги истакна добрите односи со Трамп, ќе присуствува на денешната церемонија за отворање на базата.