Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русите се огласија за падот на патнички авион во Казахстан!!

27 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По повод падот на азербејџанскиот патнички авион кој леташе кон главниот град на Чеченија, ссе огласија официјалните власти на Русија.

Авионот „Ембраер Е190АР, кој подоцна се урна во близина на Актау, не можеше да слета во Чеченија поради густата магла и нападите на украинските терористички беспилотни летала“, изјави шефот на руските воздухопловни сили.

Инаку, патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна во близина на аеродромот во Казахстан.

Авионот „Ембраер 190“ полета од Баку, главниот град на Азербејџан и се упати кон Грозни во Чеченија. Некаде над Каспиското Море, пилотот пријавил во контролата на летање дека GPS сигналот е изгубен и дека има проблеми со леталото.

Авионот се урна во градот Актау, Казахстан, каде пилотот се обидел принудно да слета. Првите информации укажуваа дека летот е пренасочен кон Казахстан поради густата магла на аеродромот во Грозни, но и дека постојат сомнежи дека авионот удрил во јато птици, што наводно довело до трагедијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ