Турските власти претходно соопштија дека во периодот од 9 до 13 декември, 7.621 Сиријци се вратиле во својата татковина, откако падна режимот на Башар ел Асад.
Во Турција, која со Сирија дели граница подолга од 900 километри, сѐ уште живеат околу 2,92 милиони Сиријци што избегале од војната, соопшти Јерликаја за државната новинска агенција Анадолија.
Меѓу нив, повеќе од 500.000 Сиријци живеат во Истанбул, најголемиот град во Турција, додаде министерот.