Поправката на вчера прекинатиот подводен кабел „Естлинк 2“ (Estlink 2) за пренос на електрична енергија, што ги поврзува Финска и Естонија, најверојатно ќе трае неколку месеци, соопшти финскиот оператор „Фингрид“ (Fingrid).
Електричниот кабел што ги поврзува Финска и Естонија под Балтичко Море вчера беше прекинат. Тоа е последниот во серијата инциденти кои вклучуваат оштетување на телекомуникациските кабли и енергетските цевководи во Балтичкото Море.
Владата на Финска и на Естонија во текот на денот ќе имаат вонредна седница на која ќе ја оценат сериозноста на ситуацијата.
Интерконекторот „Еастлинк 2“ е со должина од 170 километри и капацитет од 658 мегавати, а прекинот може да создаде проблеми со снабдувањето со електрична енергија.
Финската полиција истражува дали подводниот кабел е оштетен од странски брод кој пловел низ Балтичко Море.