Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

По 10 дена од катастрофалните поплави во Шпанија, од 78 граѓани нема трага

8 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што јави германската агенција ДПА, поминаа десет дена од поплавите кои најмногу го зафатија регионот на Валенсија.

Семејствата на исчезнатите се надеваат, но реално се мали шансите некој од исчезнатите да е меѓу живите. Властите во Валенсија претходно објавија дека 93 лица се водат за исчезнати.

Според официјалните податоци, 219 лица загинаа во разорните поплави што го погодија овој дел на Шпанија. Само во Валенсија досега се пронајдени 211 тела, а останатите осум жртви се пронајдени во соседните региони Кастиља-Ла Манча и Андалузија.

Од невремето беа погодени и други региони на Шпанија. Обилните врнежи ноќеска предизвикаа поплави во Каталонија, а островот Мајорка е една од најтешко погодените области.

Потрагата по исчезнатите продолжува во Валенсија, иако регионалните власти нагласија дека пронајдените 40 тела се уште не се идентификувани. Се стравува дека поплавата однела дел од жртвите во Средоземното Море.

Во вторникот минатата недела, за неколку часа врнеше дожд колку за една година во некои градови во близина на Валенсија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ