Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Пентагон: Северна Кореја испрати 10.000 војници во Русија за да се борат против Украина

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде Русија се бори за да го одбие украинскиот упад, пренесе АП.

Синг рече дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против севернокорејските сили.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека одредени севернокорејски воени единици веќе се во регионот Курск, пренесе украинска Правда.

Руте им рече на новинарите во Брисел дека распоредувањето на севернокорејските трупи претставува „значителна ескалација“ на вмешаноста на Пјонгјанг во конфликтот во Украина и „опасно проширување на руската војна“.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен ќе се сретнат со нивните јужнокорејски колеги подоцна оваа недела во Вашингтон.

Синг најави дека Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун ќе разговараат за распоредувањето на севернокорејските трупи во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во октомври рече дека „илјадници“ севернокорејски војници се на пат кон Русија.

Зеленски рече дека врз основа на разузнавачките информации што ги добил, 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да бидат распоредени во Украина на руска страна.

Јужнокорејските медиуми претходно објавија дека Северна Кореја ќе испрати вкупно 12.000 војници да се борат во Украина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ