Вооружената полиција околу 15.00 часот веднаш уапсила 34-годишен маж во близина на влезот на Долниот дом на Парламентот,објави Би-Би-Си.
Изгледа дека мажот носел домашен оклоп и борбени панталони.При апсењето тој фрлил на земја британско знаме и зелен ранец.
Портпаролот на лондонската метрополитен полиција Мет изјави дека тој е уапсен под сомнение дека носел оружје на јавно место.
Тој е приведен во полициска станица, а нема повредени.