Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Новинар на Ројтерс изчезна по ракетниот напад на хотел во Украина

25 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во соопштението, новинската агенција рече дека хотелот Sapphire, каде што престојувал шестчлениот тим на Ројтерс, вчера бил погоден со проектил.

„Еден наш колега е исчезнат, додека други двајца се пренесени на лекување во болница“, соопшти агенцијата.

„Пронајдени се уште тројца. Итно бараме повеќе информации, соработуваме со властите во Краматорск и ги поддржуваме нашите колеги и нивните семејства. Ќе ве информираме кога ќе имаме повеќе информации“, се додава.

Вадим Филашкин, гувернерот на областа Доњецк, утрово на Телеграм објави дека „Русите го погодиле Краматорск“, и дека двајца новинари се повредени, додека еден исчезнал по нападот на хотелот.

„Властите, полицијата и спасувачите работат на лице место. Во тек се операции за расчистување и спасување на урнатините“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана не одговорило веднаш на барањето за коментар.

Генералното обвинителство на Украина во соопштение на Телеграм соопшти дека отворило „прелиминарна истрага“ за нападот, кој се случил во 22:35 часот по локално време.

„Руските сили го погодија градот Краматорск, веројатно со проектил Искандер-М“, се вели во соопштението.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ