Тунелот е лоциран близу до центарот и ќе ги поврзува метро линиите со болницата „Хомеини“, овозможувајќи директна подземна врска.
- Ова е прв пат во земјата да се гради тунел со одбранбена намена во Техеран, изјави шефот на транспортната служба на иранската престолнина.
Минатиот месец, Израел ги изведе првите напади врз Иран, за кои официјално потврди дека стои зад нив. Цели на нападите беа фабрики за ракети и други објекти во околината на Техеран и западен Иран. Бомбардирањата беа одговор на иранскиот напад врз израелска територија на 1 октомври.