Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Монструмот Фрицл нема да биде преместен во затвор, 24 години ја силувал ќерка си

11 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фрицл, кој го смени презимето во Мајрхоф, ја силувал својата ќерка и ја држел во заробеништво 24 години, а силувањата резултирале со раѓање на седум деца. Случајот го привлече светското внимание кога излезе на виделина во 2008 година.

Тој е во затвор за ментално растроени затвореници откако во 2009 година беше осуден за инцест, силување, ропство, принуда и убиство од небрежност на новородениот син во зандана што тајно ја изградил под неговата куќа.

Фрицл се пријавил да биде префрлен во редовен затвор, тврдејќи дека како постар и изнемоштен човек повеќе не претставувал закана.

Судот во градот Кремс ан дер Донау го нареди трансферот во јануари, но обвинителите поднесоа жалба до Вишиот регионален суд во Виена да ја поништи одлуката.

„За разлика од првостепениот суд, Вишиот земски суд во Виена заклучи дека фактите потребни за такво условно ослободување сè уште не се целосно утврдени“, се вели во соопштението на виенскиот суд.

Од таму соопштија дека ја поништиле одлуката на понискиот суд во Кремс и му наредиле на понискиот суд да утврди повеќе факти пред да донесе нова одлука.

Фрицл боледува од напредна деменција, но можел да ја следи кратката постапка во јануари кога му беше наредено условно ослободување, изјави за новинарите неговата адвокатка Астрид Вагнер по сослушувањето.

„Судот нареди дополнување на медицинскиот извештај и ново сослушување на затвореникот на крајот на април“, изјави портпаролот на понискиот суд во Кремс за одлуката на судот во Виена.

Од обичниот затвор, Фрицл би можел да поднесе барање за целосно ослободување од затвор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ