Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мексиканската влада ги прекина односите со американскиот амбасадор

27 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Дојде до пауза“, рече Лопез Обрадор и прецизираше дека станува збор само за односот со амбасадорот, а не со САД во целина, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека до сега имал „добар и конструктивен однос“ со амбасадорот Кен Салазар.

Салазар минатата недела ги критикуваше судските реформи како закана за мексиканската демократија, тврдејќи дека тоа ќе го изложи судскиот систем на влијание на организираниот криминал и ќе ги доведе во опасност трговските односи меѓу САД и Мексико, што Лопез Обрадор го отфрли како „мешање во внатрешните работи на Мексико и дека тоа може да ја загрози мексиканската демократија.“

Соединетите држави и Мексико се главни трговски партнери, а САД постепено отворија повеќе фабрики во Мексико за да ги пренасочат своите синџири на снабдување од Кина.

Лопез Обрадор денеска ја истакна потребата од почитување на суверенитетот на народите, но потврди и дека покрај влошените односи со Салазар, со американскиот претседател Џо Бајден остануваат пријателски.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ