Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Лула по вторпат опериран за да се спречи нов мозочен удар

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според докторот, операцијата била успешна, Лула е буден и е во контакт со лекарскиот тим, пренесе порталот Глобо.

Операцијата траела помалку од еден час и како што објасни Калила, станувало збор за минимално инвазивна медицинска процедура, која нема да влијае на планираното закрепнување на претседателот и неговото излегување од Одделението за интензивна нега.

Лула (79) ноќта меѓу понеделникот и вторникот итно беше опериран поради хематом во главата, што настанал откако во октомври паднал во бањата.

Иако неодамна му беше извршена итна операција, докторот нагласи дека му се зачувани сите невролошки функции.

Лекарите очекуваат Лула да се врати во Бразилија на почетокот на следната недела.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ