Според весникот, Палестинците кои останале во областа за време на новата израелска офанзива во моментов се насилно евакуирани.
„Во таа област се градат широки патишта и се комплетира одвојувањето на (палестинските) заедници во северниот појас од центарот на градот Газа“, пишува израелскиот весник.
Палестинското Министерство за здравство ја ја окарактеризира ситуацијата на северот од Газа како „катастрофална“.
Според Министерството, бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа се искачи на околу 43.552, додека бројот на ранети достигна 102.765.