Израелските сили гаѓаа области јужно од Дамаск, при што е причинета материјална штета, а според прелиминарните информации нема жртви, јави сириската новинска агенција САНА.
Сириските власти го обвинија Израел дека била бомбардирана област каде што има цивилно население. Израел, пак, <a href="https://www.reuters.com/world/middle-east/israeli-strike-hits-area-near-syrias-capital-state-media-says-2024-11-04/">тврди</a> дека била бомбардирана цел поврзана со Хезболах.
Сириското Министерство за одбрана соопшти дека израелскиот воздушен напад „дошол од правец на окупираната Голанска висорамнина“ и предизвикал само материјална штета.
Ова прв напад на Дамаск по нападот на почетокот на октомври во кој беше погодена станбена зграда и загинаа седум лица, пренесува Ал Џезира.
Предградието на Дамаск Саједа Зејнаб е упориште на либанскиот Хезболах и беше цел на претходни израелски напади. Сириски и западни разузнавачки извори наведуваат дека бројни борци на Хезболах и проирански милиции во предградието на Дамаск биле убиени во израелските напади врз Сирија.