Рахмон истакна дека ширењето на екстремистички идеи, разгорувањето на омраза и религиозни конфликти, како и регрутирањето млади за терористички дејства, станаа опасни алатки во рацете на овие организации.
„Овие групи широко ги користат современите информациски технологии за свои деструктивни цели“, рече Рахмон. Во овој контекст, тој го нагласи значењето на преквалификацијата и техничката поддршка на правосудните и специјалните служби./МИА