Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

И по една недела од разорните поплави, Валенсија останува парализирана (ВИДЕО)

7 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Оваа катаклизма доведе до црн биланс од над 200 жртви, а речиси 5000 луѓе беа спасени од сигурна смрт.

Најмалку 89 лица се уште се водат за исчезнати по смртоносните поплави во источна Шпанија, потврдија регионалните судски власти во Валенсија, додека премиерот на земјата Педро Санчез рече дека издвојува 10,6 милијарди евра за помош на жртвите.

Последиците што ги оставија поплавите се немерливи, но граѓаните со помош на жителите од другите делови на Шпанија почнаа да го санираат она што може да се спаси.

Обилните дождови кои започнаа на крајот на октомври предизвикаа поплави кои уништија мостови и ги затрупаа градовите во кал, отсекувајќи ги заедниците и оставајќи ги без вода, храна и струја.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ