Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Франција ќе воведе ноќен полициски час на Мајот кој беше опустошен од циклон

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Полицискиот час од 22:00 до 4:00 часот по локално време се воведува како безбедносна мерка за да се спречат грабежи, соопшти Министерството.

На француската прекуморска територија Мајот во Индискиот Океан, која беше погодена од циклонот „Чидо“ се уште не се во целост обновени основните услуги.

Префектот на францускиот прекуморски департман Мајот, Франсоа Ксавиер Бовил, завчера изјави дека циклонот „Чидо“ предизвикал „сигурно неколку стотици“ смртни случаи на тие острови и дека бројот на жртви може да достигне „неколку илјади“.

Тој прецизира дека е „многу тешко“ да се даде конечна оценка за разорните ефекти од циклонот на неколку острови во департманот Мајот, кои се наоѓаат во близина на југоисточниот брег на Африка, јави телевизијата БФМ, имајќи предвид дека муслиманската традиција, кој е вкоренета во станбените зони кои се целосно уништени, налага покојникот да биде погребан „во рок од 24 часа“.

Француски министер за внатрешни работи Бруно Ретајо вчера беше во Мајот каде со претставници на локалните власти разговараше за санирање на последиците од невремето.

Според француските медиуми, циклонот сериозно ги оштетил болниците и медицинските центри во Мајот, кои поради тоа станале нефункционални.

Во Мајот нема доволно вода и храна, а сиромашните квартови се претворени во урнатини.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ