Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

25 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Роган во својот подкаст ја коментираше одлуката на Џо Бајден за одобрување на користење на американски ракети со долг дострел од украинската армија против руските сили во регионот Курск.

- Зеленски вели дека Путин е исплашен. Ма, прекинете! Ќе започнете Трета светска војна, изјави Роган, додавајќи дека „би било добро нашиот претседател во умирање да не вовлече во тоа“. 

Кличко на платформата Икс му одговори: „Вашите зборови ја повторуваат руската пропаганда. Русија сака да го замолчи Западот додека ние Украинците се бориме за слободата.“

Зборувате за испраќање американско оружје во Украина, што верувате дека ќе доведе до Трета светска војна. Затоа, дозволете ми да кажам дека ја повторувате руската пропаганда. Русија на Путин е во неволја. Тие сакаат да ве исплашат. Неговата војна требаше да трае три дена, а трае три години благодарение на хероизмот и пожртвуваноста на нас Украинцит“, рече Кличко.

- Вие го користите единственото оружје што Путин навистина има намера да го користи: пропагандата. Ова оружје ги ослабува нашите демократии. Русија на Путин сака тивко да ја уништи Украина, тие сакаат Америка да молчи, а не да биде голема. Големата Америка не е Америка која ги напушта земјите кои со своите животи ја бранат слободата, рече тој.

Кличко, исто така, понуди да се појави на подкастот на Роган за да можат да разговараат за различни перспективи на нештата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ