Според медиумите, инцидентот се случил во неделата вечерта во авион кој летал од Тирана, Албанија за Манчестер, Англија, пренесува Билд.
Авионот принудно слетал во Лондон.
Според извештаите на медиумите, авионот веќе ги прелетал Швајцарија и Франција кога се случил инцидентот. Спасувачките екипи чекале на аеродромот Станстед во Лондон, но за жал можеле само да ја потврдат смртта на патникот.
Станува збор за маж, но засега не се знае колку години имал, ниту околностите на неговата смрт.
Портпаролот на службата за брза помош на Источна Англија го потврдил инцидентот.