Во Сен Жермен-ан-Леј, недалеку од Париз, неименуван маж влегол во црквата Сент Луис на Божиќ извикувајќи „Алаху акбар“.
Мажот дошол до олтарот и им го покажал задникот на верниците кои чекале да започне богослужбата, <a href="https://www.lefigaro.fr/faits-divers/saint-germain-en-laye-un-homme-entre-dans-une-eglise-le-jour-de-noel-en-criant-allah-akbar-20241226">објави Фигаро</a>, повикувајќи се на полициски извори.
Осомничениот без лични документи е приведен и однесен во полиција.
Постапката против него е во тек, соопшти обвинителството во Версај.