Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Борел повика на глобална акција за ставање крај на човечката трагедија во Појасот Газа

27 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Борел ја нагласи „итната потреба да се почитува меѓународното хуманитарно право во Појасот Газа“, пренесува Ал Џезира.

„Потписниците на Женевската конвенција имаат правна одговорност да обезбедат почитување на меѓународното право од сите инволвирани страни. Наша должност е да ги заштитиме цивилите и човековите права и крајно време е да дејствуваме по ова прашање“, рече Борел.

Според него, премалку информации доаѓаат од северниот дел на Појасот Газа, што укажува на катастрофален број убиства, уништувања и глад, покрај принудното раселување на цивилите.

„Целото население е под бомбардирање, опсада и ризик од глад и е принудено да избира помеѓу раселување или смрт“, предупреди Борел. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ