Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Блумберг: Бајден планира да отпише 4,65 милијарди долара од украинскиот долг

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Со отпишување на долгот и се помага на Украина да победи во војната против Русија, што е во национален интерес на САД и нивните партнери од ЕУ, Г7 плус и НАТО, се наведува во писмото на Стејт департментот испратено до Конгресот на 18 ноември.

Отпишувањето на дел од долгот на Украина наиде на критики на републиканците. Сенаторот Ренд Пол од Кентаки најави дека ќе побара да се гласа во Сенатот со цел да спречи украинскиот долг „да стане одговорност на американскиот народ“. Но, до јануари Сенатот е под контрола на демократите, што најверојатно нема да биде поддржана иницијативата на сенаторот Пол.

Овој заем е одделен од преостанатите речиси девет милијарди долари помош за оружје што американската администрација вети дека ќе ги потроши за Украина до крајот на мандатот на Бајден.

Околу седум милијарди долари од сумата мора да се потрошат првенствено за набавка на оружје од американските резерви, додека остатокот од средствата ќе одат за договори за одбранбено производство кои ќе ги испорачаат резервите директно во Украина.

Администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно изрази поддршка за мирот во Украина, би можела да откаже некои од тие договори. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ