- Претседателот Бајден ќе ја посети дождовната шума, ќе разговара со локалните лидери, кои работат на зачувување и заштита на овој клучен екосистем, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Јужноамериканската турнеја на Бајден ќе почне со посета на Перу на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), каде што ќе ја истакне водечката улога на САД во Индо-Пацифичкиот регион.
- Во текот на изминатите четири години, тој значително ја подобри нашата стратешка позиција во овој витален регион, истакна Саливан.
По АПЕК, Бајден ќе отпатува за Бразил, почнувајќи со посета на амазонската прашума во Манаус.
Патувањето ќе заврши со учество на Бајден на Самитот на Г20, што се одржува во Рио де Жанеиро на 18 и 19 ноември.