Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден предвреме гласаше во Делавер и жестоко го критикуваше милијардерот Маск (ВИДЕО)

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бајден, кој се откажа од трката во јули, им се придружи на голем број Американци кои го искористија своето право да гласаат предвреме, пред 5 ноември, кој е ден на избори во САД.

Бајден гласаше на локација во Њукасл, Делавер.

Тој оцени дека потегот на американскиот милијардер Илон Маск, сојузникот на Трамп, да им даде на републиканските гласачи награда од еден милион долари на лотаријата е „целосно несоодветен“.

Маск рече дека неговиот комитет за политичка акција за Доналд Трамп, America PAC, ќе дава по 1 милион долари секој ден до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција со која ги повикува републиканците во клучните држави да се регистрираат за гласање.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ