Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Американскиот и турскиот шеф на дипломатијата разговарале за новата власт во Сирија

28 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во телефонски разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милитантна група ЈПГ да се засолни во Сирија, откри портпаролот на Министерството. САД и другите западни земји ја поддржуваат ЈПГ, додека Турција ја смета за терористичка организација.

За време на повикот, Блинкен ја нагласил потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сирија, кој „ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивна и репрезентативната влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Блинкен и Фидан разговарале и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се додава во соопштението.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ