Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Американската војска бара 30 милиони долари за поправка на хеликоптерите, оштетени во невреме

29 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Станува збор за авиони како што се AH-64 Apache, UH-60 Black Hawk и CH-47 Chinook.

Силно невреме ја погоди базата Форт Карсон на американската армија во Колорадо на почетокот на август оваа година. По тој повод оштетени се 44 хеликоптери од 4-та борбена воздухопловна бригада на 4-та пешадиска дивизија, а штетата се мери во десетици милиони долари.

Шест AH-64D, седум AH-64E, седум CH-47F, девет UH-60M, десет HH-60M и пет UH-60L претрпеле одредена штета, објави The War Zone.

Војската на САД сега бара 29,3 милиони долари за поправка на леталата кои наводно претставуваат значителен дел од флотата стационирана во Форт Карсон.

Детали за степенот на штетата на хеликоптерите се откриени во документ на Пентагон во кој се опишани различните активности за репрограмирање на буџетот одобрени во фискалната 2024 година, која заврши на 30 септември.

Не е познато дали бараната сума ја одразува вкупната проценета штета на сите 44 хеликоптери или дополнителни средства се дојдени од други извори. Се уште не е познато дали некој од хеликоптерите е веќе поправен и вратен во употреба, пишува The War Zone.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ