Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Американец скокна преку говорницата и нападна судијка- доби невидена затворска казна (ВИДЕО)

11 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Имено, Деобра Реден вчера е осуден на казна од 26 до 65 години затвор во Невада за нападот врз Мери Кеј Холтус, судијката на Окружниот суд во округот Кларк, објави КЛАС-ТВ од Лас Вегас, пренесува агенцијата АП.

Реден (31) се изјаснил за виновен во септември, но со ментална болест, за обид за убиство и други обвиненија, завршувајќи го неговото судење набрзо откако судијката Холтус сведочеше дека се плашела за својот живот кога Реден ја прескокнала нејзината висока говорница.

Нападот се случил на 3 јануари, додека Холтус требало да му изрече казна на Реден во посебен случај со тешки телесни повреди.

Насилната сцена е снимена на видеото од судницата, на кое се гледа како 62-годишната судијка паѓа наназад од столот, удирајќи во ѕид, додека Реден се фрла преку нејзиното биро и ја фаќа за коса, а врз нив паѓа американско знаме. Претставници на судот рекоа дека Холтус се здобила со повреди, но не била хоспитализирана.

Адвокатот на Реден, Карл Арнолд, рече дека неговиот клиент не ги земал препишаните лекови за контрола на неговата дијагностицирана шизофренија во моментот на нападот.

Арнолд рече во септември, кога Реден се изјасни за виновен, дека потегот „одразува деликатна рамнотежа помеѓу преземањето одговорност за немилиот инцидент и препознавањето на влијанието на нетретираната ментална болест на г-дин Реден во тоа време“.

Реден пред судот вчера изјави дека немал намера да ја убие Холтус, објави КЛАС-ТВ.

„Не ги оправдувам своите постапки, но велам дека не сум лоша личност и знам дека немав намера да ја убијам Мери Кеј Холтус“, рече тој.

Реден ќе има право на условно ослободување дури по 2050 година.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ