Милијардерот Илон Маск, шеф на неколку високотехнолошки компании и на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), верува дека по ноемвриските претседателски избори во Америка, ќе заврши во затвор доколку демократската кандидатка и потпретседател Камала Харис победи против Републиканецот Доналд Трамп, поранешен шеф на Белата куќа.
– Ако тој (Трамп) загуби, јас нае*аб, изјавил Маск во интервјуто кое синоќа му го даде на новинарот Такер Карлсон.
<b>Интервјуто беше емитувано во живо на Х.</b>
- Колку долга затворска казна мислите дека ќе добијам? Дали ќе ги видам моите деца? Не знам, рекол најбогатиот човек на светот, пренесува Њујорк пост.
Американскиот весник потсетува дека Маск ја поддржал кандидатурата на Трамп откако поранешниот американски претседател преживеа обид за атентат на 13 јули на митинг во Батлер, Пенсилванија, а минатиот викенд се појави на сцената со Трамп на предизборен митинг одржан во истиот град.
Се наведува дека 53-годишниот тајкун роден во Јужна Африка, кој сега е државјанин на САД, донирал милиони долари на организација која ја поддржува претседателската кандидатура на Трамп, додека ја напаѓа Харис на социјалната мрежа што ја купил во 2022 година за 44 милијарди долари.
Запрашан за неговата жестока поддршка за Трамп, Маск рече дека „не постои веродостоен начин тоа да се негира“.
– Ја плукам Камала нон-стоп, рече Маск, и подоцна во текот на интервјуто појасни дека неговите критики всушност биле насочени кон „машината што Камала ја претставува како марионета која се контролира“.
Карлсон го праша Маск каков е животот за него откако влезе во светот на претседателската политика на САД.
- Прилично е забавно, одговорил милијардерот.
Маск потоа стана сериозен кога почна да објаснува зошто решил „од се срце“ да биде со Трамп.
– Мое мислење е дека ако Трамп не победи на овие избори, ова се последните избори што ќе ги имаме, рече Маск.
Тој објасни дека стравува оти милионите мигранти кои беа „увезени“ од администрацијата на претседателот Џо Бајден и потпретседателот Харис на крајот ќе добијат американско државјанство, трајно исклучувајќи ја можноста за понатамошни гласови.
- Мојата прогноза е дека, ако има уште четири години демократска администрација, ќе легализираат толку многу илегалци (мигранти) што на следните избори нема да има земји кои се неизвесни (за поддршка на еден од кандидатите), рече Маск. кој предвидува дека тоа води кон „еднопартиска влада“.
Тој понуди и објаснување за контроверзниот пост што го објави на X минатиот месец, во кој напиша дека „никој не се ни обидува да ги убие“ Бајден или Харис.
Маск рече дека мислел оти тоа е „бесмислено“ бидејќи „никој не сака да убие контролирана марионета“, но не се извини за контроверзниот пост.